Search

Грилиш имал секс со девојката која подоцна била силувана во куќата на Менди

Англиската фудбаска ѕвезда Џек Грилиш имал секс со девојка на забавата која се оддржувала во луксузниот дом на неговиот соиграч од Манчестер сити, Бенжамин Менди, по што таа била силувана од друг маж. Ова е обелоденето на денешниот судски процес кој се води против Менди.

Грилиш, наводно, имал секс со 23-годишната девојка, која потоа била сексуално нападната од Луис Саха Матури, вториот обвинет во случајот со силување на Менди. Тие се сретнале во „Чајна вајт“, ноќниот клуб во Манчестер, по што заминале во куќата на Менди. 28-годишниот Менди и 41-годишниот Матури се изјаснија како невини во повеќе случаи на силување и сексуален напад.

Според друга жена, која тогаш имала само 17 години, Менди ја силувал двапати во нејзиниот дом за време на забавата на која биле присутни пријателите на Менди, но и група пријатели на Грилиш од Бирмингем на 13 август 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави