Search

Гризман: Сè уште се прилагодувам на играта со Суарез и Меси

Новоангажираниот напаѓач на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Антоан Гризман верува дека сè уште има ефективна интеракција со Луис Суарез и Лионел Меси. Досега тројцата не успеаја да играат поради повредите на Уругваецот и Аргентинецот.

– Јас сум во клубот само два месеци. Сè уште се навикнувам на играта во Барселона, на улогата и движењата на моите соиграчи. Прилагодување на играта со Суарез, Меси и Дембеле. И тие се навикнаа да играат со мене. Но, гледам дека заедно се движиме во вистинската насока како тим, изјави Гризман за „Ел Мондо Депортиво”.

Барселона синоќа со Борусија Дортмунд одигра 0:0, Гризман и Суарез го одиграа целиот натпревар. 

Треба да знаете
Последни објави