Search

Греј со спектакуларен погодок ги расплака навивачите на Арсенал (Видео)

Евертон го доби дербито против Арсенал со 2-1 во 15. коло  од англиската Премиерлига, иако „карамелите“ ќе триумфираа и со повеќе голови разлика доколку не беше ВАР-технологијата.

Ришарлисон остана без погодок во 44. минута поради офсајд, а неколку минути подоцна Одегард го носи Арсенал во предност од 1-0.

ВАР-технологијата и во второто полувреме му поништи гол на Ришарлисон, но одличниот фудбалер конечно го скрши малерот во 79. минута и израмни на 1-1, а потоа Греј во судиското надополнување погоди за 2-1.

Арсенал по 15 одиграни меча се наоѓа на седмата позиција со 23 бодови, додека Евертон е на 12. позиција со 18 бода.

Треба да знаете
Последни објави