Search

Грешка во проценката, вели Брус Вилис откако беше фотографиран во аптека без маска на лице

Фотографија на која се гледа Брус Вилис како влегува во деловен простор во јужна Калифорнија без заштитна маска предизвика лавина коментари во медиумите во понеделникот.

И покрај тоа што владата во Калифорнија воведе строги правила во обид да го спречи ширењето на Ковид-19, холивудскиот актер е прикажан како купува во аптека во Лос Анџелес, без да носи маска за лице.

Еден ден потоа, ѕвездата на „Умри машки“ (65) во кратка изјава за „Пипл“, вели дека потегот е грешка во проценката. „Бидете безбедни сите каде и да сте, и да продолжиме да се маскираме“, додаде тој.

Некои медиуми објавија дека Вилис одбил да го покрие лицето кога влегол во продавницата RiteAid , иако се гледало дека носи марама околу вратот, која лесно може да се навлече преку устата и носот.

Вилис неодамна сподели и ретка фотографија покрај неговата сопруга Ема (42) и нивните две ќерки Евелин (6) и Мејбел (8).

Треба да знаете
Последни објави