Search

Грета Тумберг со пари од награда основа фондација

Шведската активистка Грета Тунберг ќе ги употреби парите од наградата на Рајт Лајвлихуд организацијата за основање на истоимена фондација.

Целта на непрофитната Фондација Грета Тумберг е „промовирање на еколошката и социјална одржливост, како и менталното здравје”, соопшти Рајт Лајвлихуд фондацијата, која и додели награда на тинејџерката минатата година.

Таа награда се смета за алтернатива на Нобеловата награда.

Како една од четворицата добитници на таа награда, Грета Тунберг доби повеќе од 100.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави