Search

Гренел поднесе оставка од функцијата во Стејт департмент

Ричард Гренел официјално поднесе оставка од функцијата во Стејт департмент.

Тој синоќа на Инстаграм напиша дека американскиот претседател Доналд Трамп во претседателскиот кабинет му врачил подарок.

Гренел неодамна го напушти амбасадорското место во Берлин, а неговиот портпарол тогаш изјави дека тој ќе остане специјален пратеник на американскиот претседател во Дијалогот Белград – Приштина.

Американските медиуми претходно  објавија дека Гренел ќе се вклучи во медиумскиот тим на Трамп за избири, но тој ги демантираше таквите наводи.

Треба да знаете
Последни објави