Search

Гренел најавува посета на Трамп во Србија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, наскоро би можел да ја посети Србија, најави американскиот  специјалниот пратеник за косовското прашање, Ричард Гренел. Тоа би бил историски настан, бидејќи Џими Картер е последниот американски претседател кој ја посетил Србија во 1980 година.

– Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ја посети Србија и датумот на неговото пристигнување во Белград веќе се планира. Сега треба да работиме на наоѓање датум што би одговарал и на Белата куќа и на Советот за национална безбедност, кои исто така би биле вклучени во организацијата на посетата – вели Гренел за српското радио „Чикаго“.

Треба да знаете
Последни објави