Search

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денес во 17 часот ќе се одржи граѓански собир на кој жителите ќе бараат решение за дислокација на Центарот за зависници.

Центарот за зависници во Кисела Вода е сместен во близина на основното училиште „Круме Кепески“, како и до голем број околни куќи и згради. Жителите постојано се жалат и бараат дислокација на Центарот бидејќи велат не се чувствуваат безбедни.

Меѓу другото граѓаните сведочат и за низа проблеми со кои секојдневно се соочуваат во јавниот превоз поврзани токму со завсниците кои го посетуваат Центарот за зависници. Во автобусот со број 24 кој поминува низ Кисела Вода и со него се превезуваат и зависниците од болницата до центарот на градот многу често има и инциденти.

Најмногу се жалат граѓните кои живеат во непосредна близина на Центарот за зависници. Од општина Кисела Вода пред неколку дена посочија дека очекуваат до крајот на годината да се реши проблемот со корисниците на Центарот за зависници и тие да се дислоцираат.

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, претставници од Министерството за здравство, од Министерството за внатрешни работи, конкретно од СВР Скопје, од Оддделението за недозволена трговија и од ПСОН Кисела Вода, претставници од ЈЗУ Психијатриска болница Скопје, од Центарот за превенција и третман на зависност од дроги-Кисела Вода, невладините организации ХОПС и Доверба, како и жители на Кисела Вода пред пред извесен период имаа и средба на која се разговараше за надминување на проблемот кој со години го имаат жителите на Кисела Вода, поврзан со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги, лоциран на ова подрачје.

 

Треба да знаете
Последни објави