Search

Граѓаните се навикнати ВМРО-ДПМНЕ да е изгубена во евроинтеграциите

Националниот координатор за европски интеграции на земјва,  Бојан Маричиќ во вечерашната емисија Еуро фокус на ТВ Телма, зборуваше и за исчекорите кои државата ги направи по децениското тапкање во место кога станува збор за евроинтеграциите.

-Граѓаните се навикнати ВМРО-ДПМНЕ да е изгубена во евроинтеграциите, и да не се снаоѓа и да се фокусира на небитни работи или на погрешни работи. Ние бевме мотор во ова Влада и во однос на евроинтеграциите и во однос на сите тешки одлуки коишто се отворија и се решија, благодарејќи секако и на коалицијата на целата владина коалиција, меѓутоа СДСМ беше, и премиерот Зоран Заев беа мотори на сите крупни одлуки, на сите тешки прашања коишто беа решени во овој период. Јас не велам дека е тоа неуспех на државата, напротив тоа е успех на државата. Исто како што беше неуспех на државата замрзнати препораки, кога влеговме во повеќе годишна блокада, кога 11 години не можевме да направиме чекор напред, и тоа е неуспех на државата благодарејќи на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа мислам дека треба да бидеме реални, објективни и да работиме заедно ако сакаме да успеем, вели Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави