Search

Граѓаните од Западен Балкан во Албанија ќе може да влегуваат со лична карта

Албанската влада на денешната седница донесе одлука со која на граѓаните од земјите на западен Балкан за влез во земјата нема да им биде потребна патна исправа, туку тоа може да го направат со валидни лични карти, јави државната агенција АТА.

Како што изјави министерот за внатрешни работи, Бледи Чучи одлуката влегува во сила веднаш и оти целта е создавање олеснителни можности за движење во регионот на Западен Балкан.  

-Донесената одлука има врска со слободното движење на граѓаните во Западен Балкан само со лична карта. Станува збор за договор кој беше потпишан во Берлин во ноември минатата година и сега тоа го одобрува албанската влада. Што значи дека со стапување во сила на оваа одлука сите граѓани од Западен Балкан можат слободно да дојдат и да се движат во Албанија само со лична карта, рече тој. 

Оценува дека „ова е во духот на две многу важни иницијативи за зајакнување на регионот и Западен Балкан, Берлинскиот процес и „Отворен Балкан“, еден од трите столба, како што рековме, слободното движење на луѓе, капитал и стоки“. 

Треба да знаете
Последни објави