Search

Граѓаните не се виновни затоа што Филипче ништо не презема за да се намали смртноста

Соопштение до јавноста-реакција на прес конференција на Венко Филипче

Венко Филипче наместо да работи за намалување на смртноста и бројот на починати лица од Ковид, глуми портпарол на министерството за здравство. Филипче да каже што преземал тој лично за да се намали бројот на починати лица.

Наместо да се запраша што тој направил за подобро справување со Ковид, тој ги обвинува граѓаните.

Филипче да излезе и да каже зошто го преспа летниот период и не направи ништо во насока на зголемување на болничките капацитети, иако за тоа имаше повеќе од доволно време. Нема изговор, затоа што тој и неговата владата потрошија 1 милијарда евра во како што велат справување со Ковид и последиците од него, каде се тие пари и на што се потрошени?!

Наместо да го подготви медицинскиот кадар со ротационен систем со цел обучување на поголем број на кадар за справување со Ковид Филипче се впушти во политичка кампања.

Филипче знаеше дека доаѓа есенски бран, кој ќе биде многу поголем и поинтензивен од пролетниот бран на Ковид, но не направи ништо за да се подготви системот во насока на справување со истиот.

Власта и Филипче имаа доволно време да се подготват за справување со Ковид кризата, но тоа не го направија, затоа што беа фрлени на поткуп, а здравјето на граѓаните им беше на последно место.

 

 

Треба да знаете
Последни објави