Search

Граѓаните нема да можат да пријавуваат корупција со новиот Закон

Со 81 глас „за“, попладнево во Собранието, по скратена постапка беше донесен Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Со Законот, граѓаните нема да можат да пријавуваат злоупотреби со партиско финансирање во новата антикорупциска комисија, а тоа ќе може да го прават само државни институции, политички партии и невладини организации. Новата Антикорупциска комисија ќе може да проверува сметки на политичари доколку претходно отворила постапка и веднаш ќе го информира дека е отворен случај.

Со новото законско решение се воведуваат промени и во самата постапка за избор на претседател и членови, како и во статусот и нивните плати, a мандатот на членовите на Антикорупциската комисија ќе трае пет години, без право на реизбор.

Една од измените во новиот Закон се однесува на тоа што пратениците со амандман забрануваат судот да бара од новинарот да го открие изворот на информацијата за корумпираноста на политичарите.

Од 40, беа прифатени 20 амандмани на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави