Search

„Граѓаните“ лесно против Евертон, еврогол на Родри

Денеска во рамките од 12 коло во Премиер лигата составот на Манчестер сити дома ја оправда фаворитската улога против Евертон (3:0).

На тој начин „граѓаните“ предводено од менаџерот Пеп Гвардиола се вратија на „минус три“ во однос на лидерот Челси во генералниот пласман.

 

Клубот од „Етихад“ во свој препознатлив ритам против „карамелите“ славеше со висок резултат и им одговори на Челси и Ливерпул кои вчера запишаа исто така убедливи победи.

Триумфот на домаќините го најави Стерлинг со погодок пред крајот на првото полувреме.

Во 55 минута ја зголемија предноста преку Родри кој прекрасно стрелаше во мрежата на Пикфорд. Во 86 минута во листата на стрелците се запиша и Бернардо Силва.

На тој начин Сити осми пат по ред го совлада Евертон во Премиер лигата. На табелата Челси е лидер со 29 бодови, пред „граѓаните“ со 26, а третопласиран е Ливерпул (25).

Треба да знаете
Последни објави