Search

Граѓаните добиваат поефикасни и поевтини услуги во Агенцијата за катастар на недвижности, на прав пат сме

СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува да креира и имплементира мерки и политики кои носат придобивки за граѓаните.

Откако СДСМ е на власт се врши професионализирање на институциите, граѓаните добиваат поефикасни и поевтини услуги.

Една од мерките што Владата предовдена од СДСМ  ги вети и ја исполни, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот.

Денес, граѓаните можат да поднесат барања за разни предмети за одделение во друг град, различен од местото на живеење.

На пример, како што сега може да се извади имотен лист за цела територија на Репубика Северна Македонија од било кое место, така граѓаните можат да поднесат различни барања во врска со сопствените имоти, во било кој град, за некоја друга општина, како на пример барање за промени кои настануват по основа на наследно решение и слично

Исто така вреди да се истакне дека бројот на затекнати нерешени предмети, на почеток на август 2017 година изнесуваше 5.404, денес бројот на нерешени предмети 2043.

Евидентно е целосното и драстично намалување на бројот на нерешени предмети.

Споредбено, бројот на нерешени предмети е намален за 62%.

Во насока на доближување на Агенцијата за катастар и недвижности до граѓаните, aгенцијата отвори нови канцеларии во Општините Чашка и Македонска Каменица.

Покрај интернет опцијата, граѓаните од овие општини можат да добијат имотен лист во овие канцелари.

Исто така, целосно, или делумно се реновирани канцелариите на подрачните одделенија во: Куманово, Кратово, Тетово, Крива Паланка, Струга, Битола, Штип, Прилеп, Крушево, Кочани, Делчево и други.

Реформите за професионализација на услугите и намалување на трошоците за граѓаните се на прав пат.

Преку конкретни мерки се намалуваат трошоците на граѓаните и се повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети.

СДСМ останува посветен да ги исполнува дадените ветувања и да обезбеди подобар живот за сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави