Search

Граѓаните да внимаваат при нарачување на Фејсбук – предупредуваат од пазарниот инспекторат

Државен пазарен инспекторат на Република Македонија се стреми да ги следи трендовите, па така благодарение на соработката со Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби се одржа обука на тема Инспекцискиот надзор во е-трговија во Република Македонија. Инспекторите имаа прилика да слушнат повеќе за е-трговијата, нејзиниот раст, развој но и предизвиците кои ги носи истата за нив како институција.

Во изминатиот период од Државниот пазарен инспекторат велат дека се во пораст пријавите од измамени граѓани кои извршиле купување преку интернет, особено преку социјалните мрежи од нерегистрирани трговци за најразлични производи или услуги. Она што го добиваат не соодејствува со она што го нарачале а кога неможат да си ги остварат правата се обраќаат до Државниот пазарен инспекторат за помош.

,,Апелираме граѓаните да внимаваат од каде нарачуваат и да ги проверуваат и веб (интернет) страните на тие Фејсбук страни од кои нарачуваат. Се почести се претставките од оваа природа кога измамените купувачи потоа неможат да стапат во контакт со продавачот и да го вратат или заменат производот. Дополнително кога вршат нарачки од меѓународни веб продавници треба да се свесни дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над други меѓународни пазари надвор од територијата на Република Македонија за да може да презема понатаму мерки за решавање на таквите претставки”, велат од Државен пазарен инспекторат на Република Македонија.

Он-лајн купувањето е во пораст во земјава, се повеќе граѓаните се охрабруваат да купат он-лајн и да ги искористат придобивките од истото, зголемениот избор и можности, подобри цени и удобност во купување 24/7. Но во исто време треба да бидат внимателни во изборот од каде ќе купат. Во Македонија има околу 500 регистрирани активни е-трговци и се очекува значително зголемување на овој број, а со тоа и зголемување на понудата од домашните компании.

,,Мило ми е што е-трговијата е ставена во фокус и во Државниот пазарен инспекторат. Една од главните темите на оваа обука беше токму справувањето, превенција и намалување на сива економија во е-трговија, која им пречи на сите регистрирани е-трговци кои ги почитуваат регулативите, но и на самиот економски ситстем и буџетот на Република Македонија. Дополнително мило ми е што имавме прилика отворено да дискутираме со инспекциската служба во инспексторатот за моменталната регулатива за е-трговија, и што има слух и отвореност за промени и соработка со реалниот секторот”, вели Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија – предавач на обуката.

На тема откривање и превенција на нелегална електронска трговија, зборуваше и претставник од Министертво за внатрешни работи, Секторот за криминал и дигитална форензика кои истакнаа дека се отворени за соработка како со Државниот пазарен инспекторат како државен орган со надлежност за контрола над домашниот трговски пазар и внатрешна трговија во Република Македонија, но и со реланиот сектор и граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави