Search

Граѓаните во огромно мнозинство застануваат зад ВМРО-ДПМНЕ и политиките за обнова на Македонија

Со 6% предност ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ и деструктивните политики на власта.

 

Криминалот, корупцијата и рекетот кои во изинативе три години го тиштат македонскиот граѓанин, заедно со националното предавство, се причините поради кои граѓаните бараат промени.

 

Криминалните политики на власта значат 28% реализирани капитални инвестиции за цели 8 месеци, запирање на градбата на клиничките центри во Скопје и Штип, нула километри нов автопат, универзитети со изгубена репутација, разочарани земјоделци. Затоа Заев бега од избори и се моли тие да не бидат на пролет.

 

Зоран Заев е исплашен затоа што знае дека одамна ја има изгубено поддршката од граѓаните.

 

СДСМ направи огромна штета за државата. Со СДСМ Македонија може да продолжи само да тоне. На Македонија и треба нов почеток. На Македонија и треба обнова.

 

На претстојните парламентарни избори СДСМ ќе го добие одговорот на граѓаните кои во се поголеми бројки застануваат зад  ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави