Search

Грашкоска: За една недела седум кривични пријави против угостителски објекти, од кои две за свадби

За една недела пазарните инспектори изрекле седум кривични пријави, од кои две за свадби, а пет за непочитување на другите здравствени протоколи.

Директорката на Инспекцискиот Совет Магдалена Грашкоска днесека на пресконференција соопшти дека во земјава има голем број новоинфицирани, поради што Владата предложи нови мерки.

„Инспекциските служби ќе продолжат со редовни контроли и санкции каде нема да се почитуваат здравствените протоколи“, најави Грашкоска.

Вчера Владата го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести со кој се ограничува работното време на угостителските објекти до 23 часот, а превозот на патници во јавниот превоз се ограничува на 50 отсто од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

„Денеска овие мерки ќе се објават во Службен весник, со што веднаш ќе стапат на сила. Затоа апелирам до сите економски оператори да ги почитуват овие мерки, а инспекциските служби редовно ќе вршат контроли за нивно почитување“, рече Грашкоска.

Соопшти дека од 12 до 18 октомври, шесте инспекциски служби извршиле вкупно 2.183 контроли во врска со законите, но и по однос на владините одлуки од кои произлегуваат протоколите. 

Од Пазарен Инспекторат извршиле 1.118 контроли, а изречени се 24 прекршочни пријави за нерегистрирана дејност или пречекорување на работно време. Поднесени се 7 кривични пријави против угостителски објекти, од кои две кривични пријави се однесуваат за организирање на свадба во Тетово и во Скопје, и уште пет кривични пријави за угостителски објекти во Скопје, кои не ги почитувале протоколите во смисла на дозволено растојание меѓу масите, бројот на маси во локалот и слично. Пазарните инспектори изрекле и 52 решенија и 72 платни налози за различни субјекти.

Треба да знаете
Последни објави