Search

Граничните рампи се кренаа, Хрватите побрзаа на шопинг во Србија

„Бидејќи Србија ја отвори границата, Хрватите можат да патуваат таму и назад без пречки и без ограничувања, а Славонците почнаа да ја користат таа можност и почнаа да купуваат основни намирници во поевтините српски продавници“, се вели во репортажата на хрватската телевизија РТЛ.

Хрватите можат да патуваат во Србија под скоро исти услови како пред 12 март, кога границата беше затворена. Во Србија влегуваат само со лична карта, без тест на Ковид-19 и што е најважно, без задолжителна изолација од 14 дена.

Најчесто се купува тутун, кој е поскап за третина во Хрватска.

Една кутија цигари по човек може да се донесе во Хрватска. Од алкохолни пијалаци може да се пренесе еден литар жесток алкохол и 16 литри пиво. Во исто време, на хрватските граѓани им се советува да го „прескокнат“ купувањето свежо месо, сувомесни производи и храна за домашни миленици, затоа што тоа нема да можат да го внесат во Хрватска.

Како што е наведено во извештајот, за 100 куни, или 1.500 динари, можете да купите четири големи пакувања кафе.

Жителка на Осиек, Снежана вели дека во Србија оди за да купи лекови, сокови, се што е поповолно во Србија.

„На едно одење може да се заштедат околу 300, 400 куни (39 до 52 евра)“, вели таа.

„Исто така, нема застој при повторното влегување во Хрватска. Сè што ве чека на хрватската граница е СМС-порака со забелешка дека доколку се сомневате на инфекција, контактирајте го центарот 112 и леток што ќе ви го даде царински службеник во кој пишува дека да ги намалите контактите со другите луѓе во наредните 14 дена. Нема самоизолација“, се заклучува во репортажата на РТЛ.

Треба да знаете
Последни објави