Search

Граничната полиција на БиХ спречи 183 мигранти да ја преминат границата

Граничната полиција на Босна и Херцеговина спречи 183 мигранти да ја преминат границата нелегално на четири гранични премини, потврди советникот на директорот на таа полициска агенција, Свевлад Хофман.

Во текот на минатата ноќ мигрантите се обидоа да ја преминат границата преку премините Изачич, Стрмица, Хум и Требиње, пишува сараевскиот весник „Дневни аваз”.

Повеќето мигранти се обиделе илегално да влезат во Хрватска на граничниот премин Изачиќ. Во тоа се спречени 172 лица  – 150 Пакистанци и 22 мигранти од Авганистан.

Хофман рече дека осум државјани на Бангладеш исто така се обиделе да преминат во Хрватска на граничниот премин Стрмица.

Граничната полиција спречи едно лице да влезе во БиХ на преминот Хум од Црна Гора, како и двајца мигранти од Црна Гора кои се обиделе илегално да влезат во БиХ на граничниот премин Требиње.

Нивниот идентитет сè уште не е утврден. 

Треба да знаете
Последни објави