Search

Граната пронајдена во дворот на британската амбасада во Белград

Работници денеска во дворот на Амбасадата на Велика Британија во Белград пронашле граната, објави „Радио-телевизија Србија“.

На самото место биле упатени единици на српското Министертсво за внатрешни работи и по проверките, било заклучено дека се работи за артилериски проектил, кој не можел да предизвика опасност, јавува репортерот на РТС.

Проектилот бил однесен на друга локација, а дополнително ќе биде утврдена дали потекнува од Првата или Втората светска војна.

Треба да знаете
Последни објави