Search

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Олимпискиот совет на Азија и ја додели на Саудиска Арабија организацијата на Азиските Зимски игри во 2029 година.

Игрите ќе бидат рганизирани во планините во близина на футуристичкиот урбан проект Неом, во кој се инвестирани 500 милијарди долари.

„Пустините и планините на Саудиска Арабија наскоро ќе бидат активни за зимски спортови“, се вели во соопштението на Олимпискиот совет на Азија.

Саудискиот министер за спорт принцот Абдулазиз Бин Турки Ал-Фајсал рече дека нивниот проект целосно ја „менува свеста“.

„Трожена (ски-центар) е иднината на планинскиот живот“, рече тој за регионот, кој е опишан како површина од околу 60 квадратни километри на надморска височина од 1.500 до 2.600 метри.

Саудиска Арабија ќе биде домаќин и на Азиските игри во Ријад во 2034 година, а се очекува заедничка кандидатура со Грција и Египет за домаќин на Светското првенство во 2030 година.

 

Треба да знаете
Последни објави