Search

Град Скопје: Целта е да се обезбедат угостителски услуги за сите гости на кои им е домаќин Градот Скопје

Град Скопје реагира на информацијата за јавната набавка на Градот склучена со три кафеани во Скопје на 15 октомври, два дена пред гласањето на локалните избори.

Според нив, целта на оваа спогодба е да се обезбедат угостителски услуги за сите гости на кои им е домаќин Градот Скопје и неговите сектори и соработува со нив на различни проекти кои се од интерес на граѓаните, при посети на странски делегации и одбележување значајни датуми од историјата на градот.

-Станува збор за редовна законска постапка на Град Скопје, која се реализира во континуитет откако ќе заврши претходната спогодба. Сакаме да нагласиме дека спогодбата е рамковна и не значи дека ќе бидат потрошени сите финансиски средства предвидени во договорот.

Оваа спогодба се потпишува на секои две години, по пат на отворен повик, со сите угостителски објекти во градот кои ќе аплицираат на повикот, односно не се фаворизира ниту еден угостителски објект. На овој начин се обезбедуваат утврдени цени и попусти на угостителски услуги, кои пријавените на повикот ги потврдуваат со однапред приложено мени и истите по склучувањето на договорот не може да се променат, велат од градот.

Од таму додаваат дека за илустрација на рамковниот карактер на оваа спогодба, во  изминатите 2019 /2020 се потрошени само 38 отсто од предвидените средства, а за 2020/2021 се потрошени само 19,19 отсто од предвидените средства.

-Спогодбата е наменета за сите сектори на Град Скопје, а не само за Кабинетот на градоначалникот, како што тенденциозно се наведува во пишувањата на некои медиуми, а со тоа се залажува јавноста, стои во реакцијата на Градот Скопје.

Треба да знаете
Последни објави