Search

Град Скопје: Нови субвенции за чистење на оџаци

Градот Скопје ќе продолжи да дава субвенции на сите кои ќе ги исчистат оџаците на домовите и деловните објекти и на тој начин ќе придонесат за почист воздух.

Градските власти објавија новиот повик со кој ќе надоместуваат дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари.

Јавниот повик трае до крајот на ноември и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен”, односно додека не се потрошат средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2019 година. 

Треба да знаете
Последни објави