Search

Град Скопје: Кај поранешната депонија Вардариште се истура земја со цел порамнување на површината и нејзино користење

Град Скопје преку соопштение реагира на, како што се посочува, лагите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на која го обвинуваат Градот за фрлање шут во населено место „Кирил Петрушевски”, кај поранешната депонија Вардариште.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека на приложените фотографии и видеа, посочените камиони истураат земја, а не шут и комунален смет како што тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа активност се прави со дозвола на Град Скопје и Општина Гази Баба и се извршува со цел порамнување на површината и користење на овој јавен простор, појаснуваат од Град Скопје во реакцијата на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Градот Скопје, се додава, останува посветен на чистење на дивите депонии во Скопје и изминатава година во големи акции беа мапирани и расчистени депонии со над 3000 кубни метри смет.

Треба да знаете
Последни објави