Search

Градот Салисбери избран за најдобро место за живеење во Велика Британија

Британскиот град Салисбери, каде се случи труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, е избран за најдобро место за живеење во Велика Британија.

Титулата на овој град му ја додели „Сандеј тајмс“, зошто на нападот со нервен гас, одговорил со вистински колективен дух.

„Салис бери покажа виситнски колективен дух во соочувањето со хемискиот напад, кој го доведе градот на светските наслвни страници, поради погрешна причина“ соопштила уредничката на „Сандеј тајмс“, Хелен Дејвис.

„И натаму постојат делови на градот каде е продолжено чистењето, но тоа што жителите по сетот тоа излегоа уште посилни е знак за многу посебна заедница“ додала Дејвис.

Таа нагласила дека на првото место го ставиле овој град и поради неговото блиско крајбрежно подрачје, селата и Лондон, како и поради неговите силни образовни и културни институции.

Треба да знаете
Последни објави