Search

Градот Азбест во Канада го менува името

Жителите на градот Азбестос во канадската покраина Квебек на референдум изгласаа промена на името на тоа место. Целта е да се дистанцираат од тој некогаш се присутен минерал, кој сега се смета за отровен.

Вкупно 51,5 отсто од жителите на гратчето каде што некогаш се наоѓал еден од најголемите рудници за азбест во светот, гласаа за промена на името. Меѓу петте понудени, тие се одлучија за името Вал-де Сурс (Долина на Изворите).

– Тоа е име што ја претставува нашата област, а особено инспирацијата што ни ја дава за иднината, рече градоначалникот Иг Гримар.

Градското собрание го потврди новото име, за кое сите жители на градот над 14-годишна возраст можеа да гласаат на референдум. Гримар изрази надеж дека новото име ќе стане официјално пред декември.

Градот Азбестос има околу 7.000 жители и се наоѓа на 150 километри источно од Монтреал. Изграден е кон крајот на 1870-тите, откако во близина е отворен рудник за азбест.

Треба да знаете
Последни објави