Search

Градоначлникот Марин во посета на основното училиште ,,Димитар Македонски”

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска го посети основното училиште ,,Димитар Македонски” во населба Лисиче.

Со задоволство можам да кажам дека наставата за учениците од прво до трето одделение во училиштата во Аеродром се одвива во најдобар ред и се почитуваат сите пропишани здравствени протоколи.

Исто така, без проблеми се одвива и онлајн-наставата за другите ученици. Ја користам оваа можност да ве информирам дека по средбата во Министерството за образование и наука, се интензивира изградбата на училиштето „Димитар Македонски“ и до Нова година се очекува да биде комплетно завршена една фаза.

Како Општина се трудиме да ги обезбедиме сите услови за учениците со цел непречено да се одвива наставата.

Треба да знаете
Последни објави