Search

Градоначалник на „службен пат“ во Инфективно одделение

Работам се што треба – и да подадам вода, и да сменам инфузија, и да поткренам пациент, и да прегледам“, вели во интервју за „Дојче Веле“ прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, волонтер на Инфективното одделение во прилепската болница.

Тој е единствениот градоначалник во земјата на кого работниот ден му почнува во бел мантил. Секое утро во 7 часот во скафандер, под маска и визир се упатува кон Инфективното одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Таму волонтира до 10 часот, потоа заминува кон општината каде го чекаат многубројни обврски. Кога обврските во општината ќе завршат, повторно го облекува скафандерот. Се враќа во болницата во 19 часот, каде волонтира уште неколку часа. Следниот ден – ист распоред, иста маршрута, и иста желба – да им помогне на болните од Ковид -19, да им помогне на лекарите, мединските сестри, техничари… Волонтирањето продолжува и во деновите од викендот.

– Знам дека припаѓам на ризичната група од возраст над 60 години, каде е поголема можноста да добијам инфекција или да заболам. Но, тоа е пресметан ризик. Како општествено одговорен граѓанин и како лекар кој се обврзал на Хипократовата заклетва, решив да се ставам на располагање на моите колеги, од секој аспект. Се чувствувам здрав и сметам дека можам да издржам, дециден е Јованоски.

Целото интервју  на „Дојче Веле“

Треба да знаете
Последни објави