Search

Градоначалник на Вухан: Затворањето на градот беше тешко, но неопходно

Одлуката да се стави Вухан во карантин беше тешка, но неопходна, изјави градоначалникот на кинескиот град од каде почна ширењето на новиот коронавирус, Жоу Сианванг.

Тој потенцираше дека доколку властите не презеле толку драстични мерки, последиците за човештвото од коронавирусот би биле непредвидливи.

Градот Вухан е изолиран целосно поради епидемијата на новиот коронавирус. Целосно е запрен градскиот сообраќај, вклучително метрото, автобусите и фериботите. Во градот не се дозволува да влезат никакви автобуси или пловила. Откажани се и летовите и возовите од и до Вухан. Во продавниците полиците се празни, со оглед на тоа дека граѓаните не знаат до кога Вухан ќе биде под карантин.

Градоначалникот изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку преземените мерки предизвикуваат незадоволство кај граѓаните.

Поради епидемијата над пет милиони жители го напуштија градот, и во него се останати околу девет милиони лица.

Во моментов 2.209 лица се во болница, во очекување да да добијат дијагнозата и да се утврди дали се заразени од вирусот. До моментов, кај 533 жители на Вухан е потврден новиот коронавирус, прецизираше градоначалникот на Вухан.

Треба да знаете
Последни објави