Search

Градоначалникот Шилегов на официјална средба во Тирана

Градоначaлникот Петре Шилегов вчера присуствуваше на управниот одбор на НАЛАС – Мрежата на асоцијации на локални самоуправи од Југоисточна Европа, кој се одржува во Тирана, Албанија. На конференцијата беше усвоен буџетот и програмата на НАЛАС за 2019 година, а беше разгледана и компаративната студија за финансиските состојби на единиците на локалната самоуправа во земјите членки. Присутните ја одобрија и предлог-програмата за Генералното собрание на НАЛАС кое ќе се одржи во Скопје, на 11 април.

Шилегов вчера се сретна и со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај. Двајцата колеги разговараа за зајакнување на односите меѓу двата збратимени града и за размена на позитивни искуства. На билатералната средба присуствуваа и директорите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“, „Паркови и зеленило“ и ЈСП.

На средбата, градоначалникот Шилегов ја пофали брзата трансформација на Тирана и изрази желба да се продлабочи соработката што ја негуваат двата града, како и размената на искуства од различни области на урбаното живеење.

Градоначалникот Велиај, пак, истакна дека двата града можат многу да научат еден од друг, негувајќи го долгогодишното пријателство, особено кога Албанија и Северна Македонија сигурно чекорат по патот на ЕУ интеграциите и НАТО.

На почетокот на март, годинава, се очекува градоначалникот на Тирана да го посети Скопје.

Треба да знаете
Последни објави