Search

Градоначалникот Смилевски ќе подели нови зимски јакни на 300 ученици

Велимир Смилевски ќе подели нови зимски јакни на 300 ученици

Во понеделник, 24.12.2018 г. во Општина Бутел (голема сала), во 11,00 ч. градоначалникот Велимир Смилевски ќе подели нови зимски јакни на 300 ученици  од социјално ранливи семејства од основните училишта в Општината.

Инаку, детските зимски јакни се донација од компанијата ,,Здравје Радово,,.

Општина Бутел доби уште една предновогодишна донација од невладината организација: ,,Македонски центар за граѓанско образование,, во која има 100 јакни за возрасни, 100 дождовни мантили и 50 носачи за бебиња, попознати како кенгури. Но, нивната распределба ќе биде направена по новогодишните празници

Треба да знаете
Последни објави