Search

Градоначалникот Смилевски и Славјанка Петровска поделија мали подароци на вработените од ПС Бутел

Денеска Градоначалникот Велимир Смилевски и дополнителниот заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска ја посетија Полициската станица во Бутел.
При посетата остварија средба со командниот кадар на полициската станица, при што  доделија мали подароци за полициските службеници како благодарност за нивната секојдневна жртва и посветеност за безбедноста и заштита на здравјето на граѓаните.
Пожртвуваноста и хуманоста, кои секојдневно ги демонстрираа во изминатиов период е од големо значење за нас како општина и нашите граѓани.
Имено, Градоначалникот Велимир Смилевски од отпочнување на кризата со коронавирусот во континуитет дава поддршка за полициските службеници од полициската станица Бутел со техничка поддршка, оброци, освежителни пијалоци и друго.
Воедно, упатуваме апел до  граѓаните да ја почитуваат одлуката на денешната владина седница, за рестрикција на движење на граѓаните за време на престојниот празничен викенд, со што ќе ја олесниме работата на нашите полициски службеници кои ќе бидат на своето работно место.Само така можеме да ја држиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје.
Треба да знаете
Последни објави