Search

Градоначалникот Смилевски засади 15 јавори

Градоначалникот Смилевски засади 15 јавори

Денеска во населбата Расадник,  во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски засади 15 јавори.

Станува збор за неоплеменето место кое се наоѓа помеѓу улицата ,,Бутелска,, и оградата на расадникот, од неговиот влез кон мостот на Серава кон н. Радишани.

Во оваа пригода градоначалникот Смилевски изјави дека со оваа втора група на садници, вкупниот број изнесува дваесет новонасадени листопадни дрва. Оваа активност ќе продолжи и во наредните неколку месеци, се додека има поволни услови за садење, додаде градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Треба да знаете
Последни објави