Search

Градоначалникот на Чаир: Ризикот е голем, апелирам да ги почитувате мерките

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи ризикот е се уште голем.

По информациите дека голем дел од новозаразените се граѓани на Чаир, градоначалникот оцени дека состојбата со коронавирусот продолжува да биде проблематична.

„Свесен сум за потрошеното трпение и желбата за враќање во нормала, но сепак ризикот сеуште постои и можноста за заразување е сеуште доста голема. Затоа, да бидеме добар пример на оваа состојба а не спротивното. И понатаму да се придржиме кон неопходните мерки до целосно елиминирање на вирусот и завршување на оваа состојба“, рече Ганиу.

Тој порача да се држи социјално растојание, да се употребуваат заштитни средства, да се врши дезинфекција на рацете.

Ганиу ја оцени дека локалната власт и институциите досега постигнале менаџирање на ситуацијата, а тука ги наведе повиците за седење дома и дезинфекцијата на улиците.

 

Треба да знаете
Последни објави