Search

Градоначалникот на Ричмонд издаде наредба за отстранување на сите споменици на конфедератите

Градоначалникот на Ричмонд, Левар Стоуни, синоќа издаде наредба за итно остранување од постаментите на сите споменици на дејците на Конфедеративните Американски Држави од времето Граѓанската војна, јави дописникот на МИА од САД.

Според наредбата, сите споменици треба да бидат отстранети во следните неколку денови. Во епохата на конфедератите и Граѓанската војна (1861-1865), Ричмонд бил главен град на КАД и затоа овде се поставени најголем број споменици што го одбележуваат тој дел од историјата на САД.

-Драги жители на Ричмонд, давам наредба итно да бидат отстранети спомениците на конфедератите од нивните постаменти, изјави синоќа Стоуни.

Најпрвин ќе бидат отстранети спомениците на Моњумент авенија каде се поставени спомен обележја на воени началници и политичари од американскиот робовладетелски Југ, како на пример Томас Џексон и Џемјс Стујарт.

Првиот споменик, на генералот Стоунвал Џексон, веќе е отстранет, и акцијата беше придружена со радосни извици на насобраните, јавија локалните медиуми. Претходно, на оваа авенија се наоѓаше споменикот на првиот претседател на КАД, Џеферсон Дејвис, кој беше урнат од протестантите. Покрај него, овде се наоѓа и огромниот, 20 метарски споменик на Роберт Ли, главниот командант на армијата на КАД.

Но спомен обележјето се наоѓа на мало „парче земја” дадено под државна управа, затоа градоначалникот на Ричмонд нема право да го отстранува. Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортон, претходно изјави дека споменикот ќе биде симнат од постаментот и однесен во склад, но не кажа конкретна дата кога може тоа да се стори.

Треба да знаете
Последни објави