Search

Градоначалникот на Дебарца тврди дека инцидентот нема врска со политика

По инцидентот кој се случи на фудбалскиот натпревар од третата лига меѓу Волино и Црно Буки, со приведени навивачи и фудблери и протестот во Дебарца, каде првично имаше блокада за полицијата, се огласи и првиот човек на Општината Зоран Ногачевски.

Тој бил присутен на средбата и заедно со полициското комбе и со приведените пристигна во СВР Охрид и за порталот Скопје1.мк дал изјава, во која бара да не се поврзува овој настан со политика или историја.

-Инцидентот се случи надвор од спортскиот терен и нема врска со политика. Апелирам да не се политизира, да не се поврзува со некој историски случувања од пред повеќе од еден век, или да се поврзува со актуелни тековни политички процеси. Значи повторувам нема политика во инцидентот и целиот настан е навивачка и спортска природа,изјавил Ногачески.

Треба да знаете
Последни објави