Search

Градоначалникот на Виница го прозива раководството на ФФМ дека ги брака спонзорите од фудбалот

Градоначалникот на Виница, Илија Димитров ја стави на тапет Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по денешната одлука како да се заврши сезона прекината поради пандемијата со коронавирусот. Одлуката да се прошири Првата лига без играње, а најдобрите третолигаши да играат баражи за пласман во Втората лига ги налути нисколигашите.

Беласица и Пелистер  се радуваат на пласман во елитното друштво, како и ола од прволигаши кои се спасија од неизвесната битка за испаѓање.

Градоначалникот на Виница, Димитров токму поради ваквите одлуки го прозва ФФМ дека ги брка спонзорите од фудбалот.

-Очигледо е дека ФФМ има двоен аршин кон клубовите од Третата Фудбалска Лига наспроти останатите две т.е. Првата и Втората Македонска Фудбалска Лига. Морам да го истакнам фактот што на одредени клубови во првата и втората фудбалска лига им се прогледува низ прсти се со цел да останат во своите натпреварувања на сметка на третолигашите. Како е можно двете прво пласирани екипи од вторите фудбалски лиги без доигрувања директно да влезат во Првата МФЛ а првопласираните од Третата МФЛ да играат бараж. Срамно и жално е ФФМ да се претставува дека се бори вистинските љубители на фудбалот да се вратат на трибините а работи токму на спротивното. Само да ве информирам дека и клубовите од третите фудбалски лиги имаат потрошено доста финансиски сретста а притоа и на нивните натпревари имало публика повеќе од 1500 љубители на фудбалот што е многу повеќе од многу праволигаши.

ФК Слога 1934 есенскиот дел го заврши без примен гол со скор од 36:0 (голови) и притоа сите 10 натпревари кои ги играше ги победи во Третата МФЛ – Југ и сега токму поради оваа срамна одлука на УО со играње бараж да зависи од еден натпревар целата сезона.

Токму поради ваквите одлуки спонзорите и вистинските љубители на фудбалот креваа раце“, објави Димитров.

Треба да знаете
Последни објави