Search

Градоначалникот на Велес во изолација, неговата сопруга е матичен лекар на двајца заразени велешани

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски од вчера е во домашна изолација поради тоа што неговата сопруга прегледувала двајца од тројцата заразени пациенти од Велес. Поради можноста да се заразени двајцата одлучиле да направат тестови за коронавирус и да останат дома, пренесува „А1ОН“.

„Мојата сопруга е матичен лекар на двајца од тројцата заразени пациенти од Велес. Вчера кога стигнаа резултатите дека се позитивни решивме и ние да го направиме тестот, поради контактот што го имала сопругата. Самоиницијативно решивме да останеме дома, во изолација, во следните 14 дена. Добри сме двајцата, немаме никакви симптоми, но сметаме дека е подобро да останеме дома поради контактите со заразените“, изјави за „А1он“ градоначалникот Аце Коцевкси.

Уште 35 лица од Велес се тестирани за коронавирус вчера поради тоа што контактирале со заразените, но градоначалникот вели дека оваа бројка најверојатно ќе расте бидејќи се уште се прави анкета за контактите.

Тројцата заразени од Велес не патувале во странство, но имале контакти со заразените од Кавадарци.

 

Треба да знаете
Последни објави