Search

Градоначалникот на Бутел го посети информативниот штанд МојДДВ

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска го посети информативниот штанд МојДДВ којшто беше поставен пред супермаркетот “Рептил” и за мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ разговараше со купувачите.
Смилевски истакна дека МојДДВ е корисна мерка за граѓаните и за државата.
“Додека трошат, граѓаните фактички и штедат, бидејќи на секои три месеци на нивните трансакциски сметки им се враќаат парични средства. Според последните информации, скенирани се над 9 милиони фискални сметки. МојДДВ е уште една од многуте мерки кои придонесуваат за намалување на сивата економија. Со посилен буџет и општините ќе имаат можност да реализираат проекти коишто се на барање на граѓаните”
Смилевски рече дека апликацијата МојДДВ ја користи од првиот ден и ги повика граѓаните кои досега не ја користеле, да го остарат тоа со цел да го остварат правото на поврат.
Треба да знаете
Последни објави