Search

Градоначалникот Марин и администрацијата даруваа крв

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со вработените, како и голем број граѓани се приклучија кон денешната крводарителска акција во организација на Црвен крст ‒ Кисела Вода.
Акцијата беше спроведена под мотото „Дарувај крв ‒ спаси живот“ што веќе неколку години се организира во просториите на Општина Аеродром.  „Дарувањето крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните“, изјави  градоначалникот Марин и им се заблагодари на сите граѓани што даруваа крв и беа дел од оваа хумана акција.

Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи да поддржува крводарителски акции со кои се спасуваат животи, но и се праќа порака за хуманост.

 

Треба да знаете
Последни објави