Search

Градоначалникот Делков од Неготино: Од општина задолжена во износ на два буџети, денес го решивме проблемот со водоснабдувањето инвестираме во сите сектори

Општина Неготино во изминативе години беше соочена со лоша состојба на безизлезност. Наследивме долгови во износ на два буџети на една општина, долгови кои ни ги оставија расипниците од ВМРО-ДПМНЕ кои 11 години криминално го водеа Неготино, истакна на градоначалникот на Неготино Тони Делков на трибината под мотото „На прав пат”.

Се зафативме за работа и покажавме дека со чесна и домаќинска работа можеме да го извадиме на Неготино на прав пат, да го вративме достоинството на неготинчани и неготинчанки, додаде Делков.

Работевме пред се да ја раздолжиме општината, да створиме услови за работа и тргнавме од главниот проблем што го мачеше Неготино, а тоа водоснабдувањето. Неготино немаше вода за пиење и по 12 часа во денот. А во моментот Неготино нема рестрикции за вода, истакна Делков.

Го решивме проблемот со комуналното претпријатие и ги исплативме сите 4 заостанати плати и ја вративме вербата на вработените и Неготино во овој момент се претвори во почист град за разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Добивме проекти преку ИПА за улично осветлување и Неготино ќе добие 1.400 лед светилки, го враќаме сјајот на градот, рече Делков.

Делков истакна дека интензивно се инвестира во социјалната сфера. Во Неготино се гради нова социјална зграда со 64 стана, а се гради и нова детска градинка со капацитет од 160 деца.

Делков потенцираше дека се инвестира и во патната инфраструктура.

Изграден е пат во Криволак, Војшанци. Се работи во Тремник, се работи на патот Бешје-Долни Дисан, а се обезбедува и колекторски систем од Тимјаник до Неготино.

Во моментот работиме на реконструкција на спортската сала „Младост” и се надевам дека на 12 април таму ќе ја прославиме победата на СДСМ на претстојните избори, заклучи Делков.

Треба да знаете
Последни објави