Search

ГРАДИМЕ ИДНИНА Скопје: Протоколот за постапување со деца на улица блокиран од Македонски пошти и ЈСП

Здружението  ГРАДИМЕ ИДНИНА Скопје апелира за помош бидејќи реализацијата на нивниот проект „Протокол за постапување за деца на улица“ се соочува со голем проблем и блокада од страна на Македонски пошти и ЈСП кои не го поддржуваат овој проект.

Во продолжение интегрално соопштение од ГРАДИМЕ ИДНИНА Скопје

„Почитувани, овој протокол сите заедно го извадивме после цели 10 години кои беше чуван во фиоките на МТСП како и негово неизработено целосно.
Овој Протокол беше работен два дена во Маврово 2022 година со стручни лица од Мин за труд и соц политика, присуство на нашето здружение, мин за правда, мин за внатрешни работи мин за образование, мин за здравство, мцср скопје, МВР инспектори за малолетни деца и нивна деликвенција како и неколку сектори од областа на социјала од мтсп и здружението на деца роми од улица.Нашето здружение продолжува со овој проект во цела 2023 година .
Во моментот подготвуваме план и програма за цела 2023 година нашата програма која ќе биде доставена до Влада на РМ, МТСП,МВР како и сите центри за социјални грижи од цела  Македонија за постапување со нашите продолжување на давање дежурства во 4 смени во цела Македонија и акција заедничка подготвуваме со МВР, сите Полициски станици, центри за соц грижи од цела Македонија како и  МТСП на РМ. Нашето здружение во соработка со МТСП лично Министерката Јованка Тренчевска се договоривме 1 месец заеднички ќе патролираме и дежураме за проектот СТОП ПРОТИВ ПИТАЧЕЊЕТО И ЗЛОУПОТРЕБАТА НА ДЕЦАТА И НИВНОТО ЗДРАВЈЕ.
Почитувани преставници на медиумите, главни уредници и новинари од цела Македонија, нашето здружение од како ќе а достави Програмата за постапувањето од нашите дежурства нашето здружение во соработка со МТСП ве има во план да ве поканиме на неколку наши заеднички прес конференции кои ќе ги одржиме пред Булеварите Мавровка, МПЦ, Мида кон Александар палас, патот за Косово и Момин Поток, Автокоманда, Куманово, Велес и во уште неколку градови.
Почитувани новинари, главни уредници нашиот проект се соочува со голем проблем и блокада од страна на Македонски пошти и ЈСП кои не го поддржуваат овој проект ,во моментот овој проект е стопиран поради затоа што немаме одобрен бесплатен превоз за нашите дежурства и користење на бесплатни услуги за достава на примена и испратена пратка кои требавме да доставаме пошта пратки до сите држ институции, мвр, полициски станици,мтсп, центри за социјални грижи, гранични премини на мвр, радиа, телевизии, електронски и печатени медиуми и портали, ју.детски градинки,основни и средни училишта, општини, амбасади, компании, здраствени устанви државни и приватни. Сите наши програмски активности и проекти ги доставаме до сите горенаведени спомнати институци и компани како и медиумите.
Се надеваме дека некоја компанија ќе го поддржи овој проект да ја покрива и плаќа поштарината да доставаме пратки до сите институци и компании за полесно и поефикасно да работи и продолжи овој проект и програмските активности на започнатиот проект. Ние од овој започнат проект не се откажуваме без разлика колку и да ние најтешко и да има блокади и препреки, ќе продолжиме со помали дежурства за реализација на овој проект.Во монентот сега само со два Велосипеди дежураме по 4 ч на ден во целиот град Скопје. Исто обезбедивме голем канцелариски материјал за реализација на овој проект за жал неможеме да го реализираме поради одбиената Одлука од Македонски пошти бидејќи не биле во можност овој проект да го поддржат во текот на цела 2023 година.
Во прилог Ви го доставуваме Протоколот за постапување со деца на улица на следниот линк

https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/publikacii_2022/%D0%B4%D0%B5%D1%86%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0/Protocol%20[%20Book%20]%20MKD%20-

 

Здружение ГРАДИМЕ ИДНИНА Скопје
Треба да знаете
Последни објави