Search

Градежен шут, бетонски огради, палење трска – ДОМ бара инспекциска контрола во Калишта

ДОМ бара локалниот и државниот инспекторат за градежништво и за животна средина веднаш да излезат на терен во потегот помеѓу Струга и Калишта.

„Надлежните институции се должни да одговорат на бројните реакции од граѓани за поставување бетонски огради, палење трска и друга вегетација и депонирање градежен шут во овој предел“, велат од ДОМ.

Од партијата потсетуваат на потребата од спроведување на заклучоците од Надзорната собраниска расправа за управување со Охридскиот Регион, со цел зачувување на природното и културното наследство заштитено од УНЕСКО.

Треба да знаете
Последни објави