Search

Градежен отпад фрлен во контејнери во Чаир

Во текот на изминатите неколку дена, во скопската оштина Чаир, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје регистрираше огромно количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата Благоја Паровиќ. Екипите на Претпријатието беа приморани рачно да го извадат градежниот отпад од садовите, за да може да го префрлат и транспортираат со соодветни возила.

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ги информира граѓаните дека, според Законот за јавна чистота, отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на живеалиштата, не смее да се одложи во садовите за отпад поставени на јавни површини.  Градежниот отпад може трајно да ги оштети овие садови, како и специјалните комунални возила, а со тоа да предизвика и сериозни проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот.

Треба да знаете
Последни објави