Search

Гравина: Сигурно ќе имаме шампион во Серија А

 – Иако Италија е главното жариште на коронавирусот во Европа, а ситуацијата во земјата е исклучително драматична што ги прави мали шансите за продолжување на Серија А во догледно време, сепак, претседателот на Фудбалскиот сојуз, Габриеле Гравина порачува дека сезоната нема да заврши без шампион.
-Има план на кој му даваме апсолутен приоритет Ќе бидеме среќни ако ја завршиме сезоната на терен. Во контакт сме со ФИФА за продолжување на договорите по 30 јуни. Ако веќе не бидеме во можност да завршиме, во секој случај нема да останеме без шампион, но одлука за тоа ќе донесе Федералниот суд”, нагласи Гравина.
Во моментот на прекин на сезоната поради пандемија на коронавирус, лидер во Серија А е Јувентус со бод повеќе од Лацио.
Треба да знаете
Последни објави