Search

ГППи: Во Сирија хемиско оружје е употребено 336 пати

За време на војната во Сирија, изведени се најмалку 336 напади со хемиско оружје, а за 98 отсто од нив се одговорни припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, се наведува во извештајот на германската тинк-тенк група „Глобален институт за јавна политика” (ГППи).

Извештајот насловен „Нема што да се крие: Логика на употребата на хемиското оружје во Сирија” е составен со финансиска помош на германското Министерство за надворешни работи и во него се посочува дека нападите со хемиско оружје се многу почести од што се претпоставува.

Според извештајот, во Сирија од 2011 година изваедени се најмалку 336 напади со хемиско оружје, од кои за 98 отсто се одговори силите на Асад, а шест хемиски напади извеле припадниците на терористичката „Исламска држава”. Околу 90 отсто од хемиските напади во Сирија се изведени во август 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави