Search

Го подобруваме животниот стандард на граѓаните, платите во јавниот сектор повисоки за 5 oтсто, на прав пат сме

Со задоволство можам да соопштам дека на денешната собраниска седница, на предлог на парламнетарното мнозинство беше изгласан Законот за исплата на платите, со што се овозможува исплата на септемвриската плата со ветеното покачување од пет проценти.

Со оваа мерка, којашто Владата предводена од СДСМ ја најави уште на почетокот на оваа година зголемена плата за 5 проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната, вработените во администрацијата и целиот јавен сектор.

СДСМ го исполнува дадениот збор и во континуитет за грижи за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата, образованито и детските градинки.

Мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните ги опфаќаат и вработените во приватниот сектор.

Во таа насока е и мерката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, за која со ребалансот на Буџетот за 2019 година се обезбедени 400 милиони денари.

Целта на оваа мерка е да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените до 100 евра.

СДСМ е целосно посветена на подобрување на животниот стандард на сите наши граѓани.

Треба да знаете
Последни објави