Search

Го оставил „аудито“ со клучеви пред маркет, па му го украле

Скопјанец останал без својот автомобил „ауди А4“, кој му бил украден вчера во центарот на Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, во 22  часот во ПС Центар, Д.Г.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20.30 до 20.35 часот пред маркет на улица Рузвелтова непознат сторител украл автомобил „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје.

Сопственикот го оставил возилото да работи и влегол во маркетот, а непознато лице влегло во незаклученото возило и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави