Search

Го истенчи носот и не јаде за да изгледа како Анџелина Џоли

Иранката Сахар Табар (20), наводно, имала повеќе од педесет естетски операции за да изгледа како нејзината омилена актерка Анџелини Џоли (43). Последната во низата беше операцијата на носот, а Сахар по операцијата стави фотографија на социјалните мрежи.

Девојката призна дека со години гладувала и таа достигнала само четириесет килограми.

 

Сахар моментално ја следат повеќе од 400 000 посетители на социјалните мрежи, а фановите ја сакаат нејзината трансформација и шминка. Нејзина голема инспирација е ликот на „Мртвата невеста”, во кој таа често се претвора за да се фотографира.

 

Иранката сака своите фотографии дополнително да ги „дотера“ во Фотошоп, што е видливо бидејќи не е многу вешта во тоа.

 

Пред да отиде „под нож“ Сахар изгледала „просечно”, но тоа не ѝ се допаднало. Денес таа носи сини леќи, има два пирсинга во образите, има извршено бројни операции и носи перика. Нејзините следбеници ѝ кажуваат дека изгледа како зомби, и таа го прифаќа тоа со одушевување.

 

„Таа е вистински уметник, се забавува, ја поддржувам“, вели еден од нејзините обожаватели.

Сепак, Сахар има голем број критичари кои велат дека се „унаказила“.

Треба да знаете
Последни објави