Search

Го испрскал полициското возило со бенизин а потоа и сам се полил

Вчера околу 18.00 часот полициски службеници во село Осинчани затекнале патничко возило „Форд“-караван со кумановски регистарски ознаки, кое било натоварено со необележано огревно дрво, а го управувало непознато лице кое побегнало.

 

Набргу потоа, на местото дошле три непознати лица во патничко возило „БМВ“ без регистарски ознаки и се обиделе да го земат возилото „Форд“.

-Едно од лицата со бензин го испрскал службеното возило „Шкода Октавија“, по што и самиот се полеал со бензин. Во тој момент еден од полициските службеници го извадил службениот пиштол и им наредил на лицата да отстапат, по што сите тројца побегнале во различни правци- велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Драчево.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави